Проблемите со мразот на коловозот ги мачат и работниците на патиштата и возачите. Дали патот може да функционира без сол, односно сам да се топи мразот, без да се користат на пример греалки поставени под асфалтот или некоја слична технологија?
Звучи како фикција, но изгледа можно, а научниците од универзитетот за наука и технологија „Хебеи“ во Кина развија иновативно решение. Создадоа асфалтна смеса што го топи мразот, а покрај тоа користеа и сол без хлорид, која е поеколошка.
Солта се меша во прав со сурфактант, силициум диоксид, натриум бикарбонат и згура од високи печки и се формираат мали капсули, кои потоа се мешаат во асфалтот. Со тоа, површината на патот е трајно малку посолена, а абразијата предизвикана од возењето автомобил постојано изложува нови микрокапсули на површината. Таквиот пат треба да трае до осум години.
Новата површина беше успешно тестирана на еден излез од автопат во Кина: Температурите до минус 20 Целзиусови степени не предизвикаа голомразица, а снегот кој штотуку падна веднаш се стопи. Сепак, некои од експертите се скептични и сметаат дека поради поголемата абразивност на асфалтот и гранулите, на коловозот побрзо ќе се појават дупки.