Дерматолозите од Британската фондација за кожа предупредуваат да не се користи на отворено еден производ што луѓето често го користат за ублажување на изгорениците.
Според британските дерматолози, треба да избегнувате користење вазелин, бидејќи тоа ќе ги влоши изгорениците на вашата кожа. Иако помага за хидратација на усните и кожата, не е добро да се користи директно на оштетената кожа.
Вазелинот дејствува како бариера помеѓу вашата кожа и воздухот, заробувајќи ја топлината директно на изгореницата. Тоа само ќе ги зголеми чешањето и болката.
– Бидете внимателни со користењето кремови или лосиони што содржат петролеј, бензокаин или лидокаин. Тие можат или да ја заробат топлината во кожата или да предизвикаат локална иритација на кожата – велат британските дерматолози.
Тие наведуваат дека најдобар начин за лекување изгореници е користењето природни производи. Како што истакнуваат тие, кај изгорениците најдобро помагаат јогуртот и млекото, затоа што млечните производи имаат повисока пХ-вредност, а тоа помага за намалување на топлината.
Покрај тоа, тие наведуваат и употреба на разладени ќесички црн чај или свежа краставица, бидејќи имаат природни антиоксидантни својства што помагаат за ублажување на изгорениците. Ако не можете да користите некоја од овие природни намирници, купете лосиони или лекови против болки, но прво проверете ги состојките.