Здрава храна

Покрај водата, која ја пиеме секој ден, важно е да знаеме кои намирници дополнително нѐ хидрираат и да ги консумираме што е можно повеќе во долгите топли денови. Во продолжение ви пренесуваме овошја што најмногу го хидрираат организмот.
Лубеница: Лубеницата очигледно е исклучително богата со вода, но оваа сочна намирница е и меѓу најбогатите извори на ликопен, антиоксидант што помага во борбата против ракот, а го има во црвеното овошје и зеленчук. Богата е со витамин Ц, ги чисти бубрезите и уринарниот систем. Таа содржи дури 93 проценти вода, а токму оваа карактеристика ја прави одлично средство за чистење на организмот. Освен што е моќен антиоксидант, содржи есенцијални омега-6 и омега-9 масни киселини, цинк, ликопен. Сето тоа ја прави лубеницата совршено средство за природна нега не само на лицето туку и на кожата на целото тело. Имено, лубеницата ја навлажнува и хидрира, ја тонира и лекува кожата и ги третира акните и изгорениците од сонце.
Јагоди: Сите бобинки се добра храна за хидратација, но сочните црвени јагоди се најдобриот избор. Малините и боровинките содржат околу 85 отсто вода, додека капините се малку подобри со 88,2 отсто. Јагодите содржат 92 проценти вода и се богати со витамин Ц, калиум, фолна киселина и растителни влакна. Тие исто така содржат антиоксиданти антоцијани, елагична киселина и кверцетин.
Цитрусни овошја: Грејпфрутот, портокалите, лиметите, лимоните и другите агруми одлично го ладат телото. Тајната е во високата содржина фитонутриенти, како антоцијани, флавони, витамин Ц, полифеноли. Цитрусното овошје е докажано дека го одржува здравјето на кожата и имунолошкиот систем, го стимулира метаболизмот и ја подобрува способноста на телото полесно да ги разградува мастите од храната.
Праски и кајсии: Ако страдате од исип и сува кожа, причина за тоа може да биде покачена температура, за која обично не сте свесни. Вклучете праски во вашето мени затоа што брзо ќе ги дополните калиумот, витамините А и Б12 и другите хранливи материи што помагаат да се одржи температурата на телото и да се подобри изгледот на кожата. Кајсиите се исто така одлична природна помош за намалување на телесната температура и помалку потење.