По огромниот успех на првата оскаровска гала-вечер минатата година и одличниот прием кај публиката, на 22 февруари, сабота, во Македонскиот народен театар ќе се случи незаборавно филмско музичко патување, концерт во чест на „оскарите“.
Безвременските хитови номинирани и наградени со „оскар“ ќе ги исполнат реномирани македонски пејачи, меѓу кои се Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, заедно со Битолскиот камерен оркестар „ИВЦ конект“ и „Полифонија“. Миланка Рашиќ ќе ја води публиката низ филмската историја.
Во манирот на најблескавата филмска ноќ, посетителите ќе пристигнуваат на црвениот тепих од 19.30 часот, а концертот ќе започне во 20 часот. Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та оскаровска церемонија во Лос Анџелес.