Доделувањето на „златните глобуси“ се одржа во неделата вечер во Лос Анџелес, а триумфираа филмовите „Опенхајмер“ и „Кутри нешта“. Наградата за најдобар филм на годината во жанрот комедија или мјузикл ја освои филмот „Кутри нешта“, додека во категоријата драма ова признание го освои „Опенхајмер“. Ема Стоун ја доби наградата за најдобра актерка во комедија или музички жанр за улогата во филмот „Кутри нешта“, а „златниот глобус“ за најдобар актер во истата категорија му припадна на Пол Џамати за улогата во филмот „Оние што остануваат“. Килијан Марфи ја доби наградата за најдобар актер во драма, за улогата во филмот „Опенхајмер“, а Лили Гладстон беше прогласена за најдобра актерка во драма годинава за улогата во филмот „Убијци на цветната месечина“.
„Опенхајмер“ дефинитивно е шампион на вечерта, со оглед на тоа што „глобусот“ за најдобар режисер на годината му припадна на Кристофер Нолан поради ова достигнување. Филмот „Барби“ го освои „глобусот“ за филм со најголема заработка во 2023 година, што е нова категорија на оваа престижна награда. „Барби“ заработи 1,33 милијарда евра од продажбата на билети за кино низ светот. „Златниот глобус“ за најдобра телевизиска серија на годината во драмски жанр го освои серијата „Наследници“, а во комедија или музички жанр „Мечката“.