Здрава храна

Појадокот им помага на срцето, коските, метаболизмот… и важно е да се знае која храна е добра за консумирање наутро. Експертите секогаш ќе ви кажат дека нивен омилен оброк е појадокот, затоа што кога јадете наутро, тоа ви дава ментална и физичка енергија. Нутриционистката Франсис Ларџмен-Рот откри список на намирници што се идеални за појадок, пренесува „Риал симпл“.
Овес: Овесот можете да го користите како брашно, но и во овесна каша. Без оглед на методот на приготвување, овесот е одличен за вашето срце. Растворливите влакна што содржат бета-глукан имаат можност природно да го намалат нивото на холестерол. Исто така, овесот ќе ви даде чувство на ситост.
Зелен пијалак: Зелениот пијалак се состои од овошје, зеленчук и билки и е полн со витамини од групата Б. Идеален е да се започне денот на здрав начин.
Јајца: Јајцата се брз и хранлив појадок во која било форма. Според Ларџмен-Рот, јајцата се еден од ретките извори на витамин Д. Потребен е за соодветна имунолошка функција, особено затоа што повеќето од нас немаат доволно витамин Д.
Тост: Тост од пченично брашно со путер од овошје и јаткасти плодови ќе ви даде енергија и ќе ве направи сити. Тостот со пченично брашно прави да се чувствувате посито затоа што му треба подолго време за да се вари од обичниот бел леб.