По фестивалското лето, „БДМ“ ја завршува сезоната со нов хит. Македонското трио имаше исполнета летна сезона, која завршува со нова музика – момците направија ремикс на песната „Blasphemy“ на Португалците „Мулинекс и ГПУ пеник“. Синглот се најде на компилацијата „DTX Gathering“ на издавачката куќа „Диско Тексас“, која беше промовирана на минатиот месец, а на која се наоѓаат и ленти од други изведувачи.
– Баравме песна за ремикс од „БДМ“ и штом ја слушнавме „Blasphemy“ едноставно бевме воодушевени од звукот, мелодијата, гласот и продукцијата и решивме дека тоа е тоа. Веднаш почнавме да работиме на неа, да направиме наша песна, но да остане доследна на сензибилитетот и емоциите на оригиналот. Многу сме горди на тоа како излезе на крајот – велат момците од триото за ремиксот.
Претходниот период за „БДМ“ беше исполнет со голем број фестивалски настапи, а го имаа и најголемиот радиски и клупски хит во земјава за летото 2024 – нивната верзија на „To The Moon and Back од Savage Garden“. Вокалот на песната го позајми Александра Иванова. Оваа верзија беше хит на Антена 5 радио и во Топ 10 песни изминатите два месеца, а својата премиера ја доживеа на фестивалот „ГалИцко“. На овој фестивал „БДМ“ настапи со материјал од нивниот прв албум, многу нови песни, како и песни што ќе се најдат на нивниот следен проект „Synapsis“, a кој се очекува да излезе в година. По ова, следуваше настап на најголемиот македонски фестивал „Д фестивал“ во Дојран. До крајот на годината најавуваат нов сингл.