Американската вселенска агенција НАСА го заврши својот проект „Лунар флешлајт“, чија цел беше да бара извори на мраз на Месечината.
Агенцијата ги помина минатите неколку месеци неуспешно обидувајќи се да го натера леталото да генерира доволно потисок за да го однесе малиот сателит до неговата дестинација, а сега официјалните лица велат дека проблемот најверојатно е предизвикан од натрупување остатоци во доводот на гориво, што го спречува да работи во својот полн потенцијал.
„Лунар флешлајт“ е со големина на актовка, а лансирањето беше направено во декември минатата година. Сателитот го развија студенти од Џорџија, а го чекаше четиримесечно патување до Месечината и потоа потрага по површински мраз на вечно темниот јужен пол на Месечината. За жал, и покрај повеќемесечните напори да се реши проблемот, леталото ќе помине покрај Земјата и потоа ќе одлета во орбитата, со надеж дека нема да се приближи премногу до Сонцето.
НАСА смета дека оваа мисија е делумно успешна отколку неуспешна, бидејќи имаше позитивни страни, меѓу кои функционалноста на неколку нови алатки што се користат за сателитот и собирањето голем број податоци што ќе бидат корисни за идните верзии на сателитот.