Повеќе од една третина од Американците имаат преддијабетес, според Националниот центар за контрола и превенција од дијабетес, а добрата вест е дека контролирањето на шеќерот во крвта не е само избегнување слатки. Всушност, експертите препорачуваат одредени вкусни јадења, кои можат да ви помогнат да останете на вистинскиот пат со здраво ниво на шеќер и инсулин во крвта. Додека генетиката, возраста и здравствените состојби придонесуваат за ризикот од дијабетес, прегледот на истражувањето од 2021 година сугерира дека исхраната игра голема улога во спречувањето и контролирањето на дијабетесот. Сепак, тоа не значи дека треба да следите многу строга диета или режим на исхрана. Според Натали Ален, решението е да јадете доволно вистинска храна. Според нејзините сознанија, храната што најдобро може да го намали ризикот од дијабетес, имено контролираното внесување јаглехидрати, протеини и масти, е она што ќе го зачува вашето здравје.
– Најголемата грешка што ја гледам е избегнувањето на јаглехидратите – вели Ерин Палински, која верува дека тоа е контрапродуктивно за одржување здрави нивоа на шеќер во крвта.
Наместо да избегнувате јаглехидрати, Палински предлага да јадете сложени јаглехидрати, кои се богати со влакна, како што се киноа, грав и цели зрна, а додавањето протеини ќе биде корисно. Мастите, според неа, функционираат на сличен начин, важно е само да им се даде приоритет на здравите масти. Друго интересно откритие е дека редоследот на внесување на храната прави разлика – што значи дека свесноста за редоследот по кој ги јадете вашите макронутриенти може да помогне во балансирање на шеќерот во крвта. На пример, истражувачите открија дека ако сакате да вклучите скробни јаглехидрати, како што се компири или бел ориз, во вашиот оброк, претходно треба да изедете зеленчук богат со влакна и здрави протеини, што може да поттикне подобро ниво на шеќер во крвта. Експертите составија и листа на храна што треба да ја имате дома: зеленчук (спанаќ, брокула, моркови, зелка и печурки), овошје (бобинки, грозје и јаболка), зрна (целите зрна имаат повеќе протеини од рафинираните бели производи), протеини (грчки јогурт, путер од кикиритки, сирење).