„Мјесечина“ е вториот сингл на македонскиот бенд „КОД 369“, издаден на хрватски јазик за „Кроација рекордс“.
Видеото во продукција на „Енкор медиа продакшн“ (Encore Media Production) и Дејан Трајчевски јасно ја пренесува мистичната атмосфера на месечева ноќ.
Овојпат, фронтменката на групата Ирена Димовска го испеа „искрениот порив на секое човечко суштество да ги надмине личните и општествените очекувања со инспирација и трудољубивост“.
– Со уникатен израз помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, „КОД 369“ уште еднаш ги воодушевиja слушателите со авангардни идеи од прва категорија. Текстот за песната го напиша пејачката Ирена Димовска, музиката е на Даниел Митревски, а за аранжманот покрај Митревски се задолжени Иле Лулевски и Коста Стеваноски.
Групата „КОД 369“ е продолжение на долгогодишните музички активности на членовите на битолските Pumpers, а во овој проект тие во својата музика внесуваат нов музички момент на фанк, џез и класични инструментализации, кои го вткаија во препознатлива рок база.
Нивната музичка мисла е секогаш на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музиката, задржувајќи ја свежината, слободата и авангардни идеи на првите категории и прифатливоста на другата.
Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човечки и литературни вредности, љубовта како движечка сила и силата на поединецот како движечка сила кон најдоброто во себе – порачуваат од „Кроација рекордс“.
Бендот летово настапи пред хрватската публика на фестивалот „СМС 200“ во Славонски Брод, каде ги воодушеви и публиката и критиката со изведбите на песните од актуелниот албум „Stages of Love“.