Глумецот Лиам Нисон (69) поради улогата во својот нов филм се соочи со тешката реалност што ги погаѓа луѓето во неговите години и призна дека неговиот колега Брус Вилис, поради дијагностицираното заболување афазија, често му е во мислите.
Нисон во својот последен филм „Меморија“, на кој работи заедно со Моника Белучи, игра смртоносен убиец што боледува од Алцхајмерова болест.
Во миговите додека го глуми ликот што се бори со когнитивни пречки, 69-годишниот актер призна дека го погодила здравствената состојба на Вилис, кој
се повлече од глумата поради својата болест.
Нисон вели дека новата улога го натерала почесто да мисли на сето она што го носи староста. Тој откри дека со Алцхајмер, но и со деменцијата се запознал гледајќи некои трауматични документарци и читајќи соодветна литература.
– Имам пријател во Ирска, постар од мене, кој има рана фаза на деменција. Тоа е страшно да се гледа, грозна болест. Познавам и неколкумина актери што ја загубија способноста да го научат текстот. Едноставно, не се во состојба да го сторат тоа, а некогаш имаа извонредни настапи во филмови и на телевизија – откри тој.
Наспроти стравовите, но и фактот дека се ближи до 70-от роденден, Нисон вели дека не планира да се откаже од глумата, а филмот „Меморија“ на јавноста ќе ѝ биде претставен кон крајот на месецов.