Култниот филм „Титаник“ од 1997 година е еден од најуспешните филмови на сите времиња, а една од сцените стана хит на социјалните мрежи, иако од погрешни причини. Тиктокерката @jessveraaa објави вирално видео со сцена од филмот што е толку лажна што ја насмеа до солзи, исто како и многумина други.

– Го гледав „Титаник“ милион пати и дури сега, кога лежам дома болна, сфатив колку е лажна сценава – напиша тиктокерката, забележувајќи голем пропуст во продукцијата.

Станува збор за сцена што се случува набрзо по испловувањето на „Титаник“. Камерата се движи преку бродот за да ги покаже патниците на палубата пред да се фокусира на капетанот.

Режисерот Џејмс Камерон користеше ЦГИ (компјутерски генерирани слики) за оваа сцена, како и многу други, кои можеби изгледале одлично во тоа време, но од денешна перспектива, во светот на специјалните ефекти, кои изгледаат совршено реалистични, сцената станува навистина смешна. Видеото има 15,5 милиони прегледи, а многумина се согласија со неа во коментарите.

– Верувај ми, не го забележавме ова во тоа време бидејќи филмот беше врв на технологијата. Со оглед на тоа дека е направен во доцните 1990-ти, ова е доста пристојно ЦГИ – се наведува во коментарите.