Постојат многу фактори што одредуваат колку една личност ќе може да изгуби тежина. Губењето килограми може да биде тешко и има многу работи што треба да се земат предвид, но дали знаете дека крвната група е исто така клучен фактор за губење на тежината?
Исхраната по крвна група може да ви помогне да изгубите тежина во одредени случаи бидејќи одредува како апсорбирате одредени хранливи материи, како се справувате со стресот, но и која храна е посоодветна за вашето тело.
Нутриционистката Ањали Мукерџи вели дека е важно да се идентификува што ја предизвикало дебелината, а возраста, метаболизмот, хормоналната нерамнотежа и другите медицински состојби исто така играат голема улога.
Секоја од диетите по крвна група елиминира одредени групи на храна, како леб и житарки, млечни производи или месо и пилешко, кои придонесуваат за зголемување на телесната тежина, а се дизајнирани од докторот за алтернативна медицина Питер Џ. Дадамо.
Крвна група 0: Крвната група нулта бара високопротеинска исхрана богата со посно месо, пилешко, риба и зеленчук, со мал додаток на житарки, грашок и млечни производи.
Крвна група А: Исхраната за луѓето со крвна група А подразбира поголемо внесување храна од растително потекло, што значи дека е неопходно да се јаде повеќе овошје, зеленчук, грашок, мешунки и цели зрна.
Крвна група Б: Пченка, пченица, хелда, леќа, домати, кикиритки и сусам, како и пилешко, треба да се избегнуваат при диета за крвната група Б. Неопходно е да се зголеми внесувањето зелен зеленчук, јајца, одредени видови црвено месо и млечни производи со малку маснотии.
Крвна група АБ: Исхраната според крвната група АБ треба да се состои од намирници како што се тофу, морска храна, млечни производи и зелен зеленчук. Неопходно е да се избегнуваат кофеин, алкохол и чадени или сувомесни производи.