Откако деновиве излезе веста дека холивудскиот глумец Кевин Спејси го глуми Фрањо Туѓман, се појавија и првите кадри од филмот, кој се снимаше во Хрватска. Оскаровецот стигна во Загреб пред Нова година, каде што уживаше во друштво на хрватскиот режисер Јаков Седлар, во чиј филм го толкува ликот на хрватскиот претседател.
Дојде совршено добро информиран, бидејќи не би се согласил да игра некого ако не стои зад улогата што ја толкува. Знаеше многу детали. Тој вели дека го почитува претседателот Туѓман, а така и го игра. Спејси е многу интересен човек, со богато минато, кој ги добил сите можни награди – изјави Седлар за ХРТ.
Говорејќи за контроверзиите во врска со глумецот, кој е обвинет за сексуално малтретирање во САД, Седлар изјави дека Спејси е „генијален глумец, кого го познава со години и кој му е пријател“.
– Јас верувам во неговата приказна и тоа е сѐ што можам да кажам во врска со тоа – вели Седлар.
Тој додал дека Спејси веќе не е во Хрватска, но верува во успехот на филмот.
Премиерата на играно-документарниот филм ќе се одржи на 14 мај во Загреб, на стогодишнината од раѓањето на Туѓман.