Истражувањата покажуваат дека одржувањето на кондицијата може речиси да го преполови ризикот од рак.
Податоците од милион мажи во Шведска покажаа дека одржувањето на формата помага да се заштитите од најмалку девет типа тумори. Посилното срце и бели дробови на возраст меѓу 16 и 25 години се поврзани со помали шанси за тумори на вратот, грлото, желудникот, панкреасот, црниот дроб, цревата, бубрезите или белите дробови во средна возраст. Во најдобар случај, ризикот од рак на белите дробови бил за 42 отсто помал отколку кај неподобните лица.
– Оваа студија покажува дека поголемата кондиција кај здрави млади мажи е поврзана со помал ризик од развој на 10 од 18 испитувани видови рак. Овие резултати би можеле да се искористат во политиката за јавно здравје, зајакнувајќи го поттикот за зголемување на кардиореспираторната кондиција кај младите – рече д-р Арон Онеруп од Универзитетот во Гетеборг.
На луѓето што учествувале во истражувањето им било проверено здравјето за време на воената служба помеѓу 1968 и 2005 година и биле следени во просек 33 години.
Ова сугерира дека повеќето видови рак се откриваат пред 60-та година од животот. Половина од Британците во одреден период од животот ќе заболат од рак, но истражувањата покажуваат дека половина од жените и една третина од мажите не вежбаат.
Во меѓувреме, околу 50 отсто од децата се активни секој ден, а секое трето е со прекумерна тежина. НХС вели дека возрасните треба да прават 150 минути умерено вежбање неделно, додека децата треба да се стремат кон еден час активност дневно. Може да се намали ризикот од рак со одржување здрава тежина, балансирање на нивото на хормоните, контролирање на крвниот притисок и шеќерот и зајакнување на имунолошкиот систем.
– Поединците со ниска кондиција имаат малку поголема веројатност да бидат дебели и почесто да злоупотребат алкохол и супстанции. Луѓето можат да ја подобрат својата кардиокондиција со брзо одење, трчање, возење велосипед, пливање или редовно качување по скали – вели д-р Онеруп за „Бритиш џрнал оф спорт медисин“.