Сè поголем број мажи доживуваат опаѓање на косата, а новото истражување докажа дека прекумерното консумирање слатки пијалаци е поврзано со машката ќелавост. Истражувањето го спроведоа научници од универзитетот „Цингхуа“ во Пекинг, а резултатите беа објавени неодамна во стручното списание „Нутриентс“.
Ќелавоста е речиси 30 пати почеста кај мажите што пијат по еден газиран пијалак, сок или премногу засладено кафе или чај секој ден. Оние што консумираат повеќе од еден засладен пијалак дневно имаат 42 отсто поголеми шанси да доживеат губење на косата отколку оние што не пијат пијалаци со шеќер. Се разбира, слатките пијалаци не се единствените фактори за опаѓањето на косата. Менталното здравје и генетиката исто така играат улога, но треба да се внимава и на исхраната. Намалете ја пржената храна и вклучете повеќе зеленчук во вашите оброци.
Меѓународното здружение за истражување матични клетки во Лос Анџелес во 2019 година наведе дека во иднина природна коса ќе се добива од матични клетки.
– Ова е вистински напредок во развојот на клеточни терапии против опаѓање на косата и во областа на регенеративната медицина – изјави тогаш докторот Алексеј Терскик.