Фото: Пиксабеј

Компанијата „Мета“ во иднина ќе крие чувствителна содржина од тинејџерите на Инстаграм и на Фејсбук поради глобалниот притисок од регулаторите врз гигантот на социјалните медиуми да ги заштити децата од штетната содржина на своите апликации.
– Овој потег ќе им отежне на тинејџерите да наидат на содржини како што се самоубиство, самоповредување и нарушувања во исхраната кога користат функции како пребарување и истражување на Инстаграм – велат од „Мета“.
Според „Мета“, сите тинејџерски сметки стандардно ќе ги користат најрестриктивните поставки за контрола на содржината на Инстаграм и на Фејсбук, а дополнителните пребарувања ќе бидат ограничени на Инстаграм.
– Сакаме тинејџерите да имаат безбедно и соодветно искуство со нашите апликации. Затоа најавуваме дополнителни заштити, кои се фокусирани на видовите содржини со кои се среќаваат тинејџерите на Инстаграм и на Фејсбук – велат претставници на овие социјални мрежи.