Централниот нервен систем е мала фабрика активна 24 часа на ден и е најголемиот потрошувач на кислород. За да имате концентрација, меморија и добро расположение, треба да внимавате на вашата исхрана. Групата на храна што треба да ја избегнувате вклучува алкохол, храна богата со вештачки шеќери и никотин. Од друга страна, храната што може многу да придонесе за подобро функционирање на централниот нервен систем е важна и треба што почесто да се наоѓа на вашето мени.
Меѓу намирниците што ја подобруваат мозочната активност се: рибата – високопротеинска храна одлична за постигнување бистар ум и ментална свежина; оревите, лешниците, бадемите – богати со протеини, цинк и витамин Е, кој ги подобрува интелектуалните способности; цели житарки – имаат поволно влијание и на мозокот; маслиново масло – здравите масти од ладно цедените растителни масла ја подобруваат меморијата и го балансираат расположението; боровинки и рибизли – ја подобруваат меморијата и ги намалуваат ефектите од хроничните дегенеративни процеси како што се Алцхајмерова болест или деменција; зелен листен зеленчук – богат со железо чиј недостиг е поврзан со синдромот на немирни нозе, замор, нерасположение; домати – содржат ликопен, антиоксидант особено корисен за мозокот и за спречување деменција; какао – има најповолно влијание на мозокот; авокадо – ги зајакнува интелектуалните способности.