Нивото на морињата во светот расте двојно побрзо отколку во првата декада од мерењето, во периодот од 1993 до 2002 година и минатата година достигна рекордна бројка, соопшти денеска Светската метеоролошка организација.

-Топењето на големите глечери и рекордното затоплување на океаните, што предизвикува ширење на водата, придонесе за просечно зголемување на водата за 4,62 сантиметри меѓу 2013 и 2022 година – соопшти агенцијата на Обединети Нации за борба против климатските промени.

Тоа е вкупно зголемување за 10 сантиметри од почетокот на деведесеттите години на минатиот век.