Ева Јовановска/Фото: Модно студио „Црнокрак“

Во Бејрут, Либан, неодамна се одржа изборот за „Мис на Европа 2024“ на кој Македонија имаше две претставнички, 20-годишната Ева Јовановска од Тетово и Каролина Јанчовска (21) од Скопје. Двете од Либан се враќаат со титули: Ева ја освои титулата четврта придружничка, а Каролина со титулата „Мис на елеганција“.

Каролина Јанчовска со титулата Мис на елеганција/Фото: Модно студио „Црнокрак“

Победничка, односно новата „Мис на Европа“ е претставничката на Русија, Прва придружничка е Белорусија, а титулата Втора придружничка ја освои Украинката.

Двете македонски убавици се дел од модното студио „Црнокрак“.

Инаку, изборот за убавина кој традиционално векје со години се одржува во Бејрут, Либан е во организација на „Стајл евентс“ (Style Events Organization).

Нашите девојки на финалето се претставија во модели на Елена Лука, специјално изработени за оваа прилика.