Жаклин Кенеди Оназис, позната во светот како Џеки Кенеди или само Џеки, беше олицетворение на грациозноста и гламурот, со аура на мистерија што секогаш ја опкружуваше. Таа се обидувала да остане подалеку од очите на јавноста и обично носела очила за сонце и шал. Приватноста била света за вдовицата на претседателот Џон Ф. Кенеди и мајка на неговите две деца. Но имала и некои чудни навики, на пример, јадела само еднаш дневно. Печените компири биле главен дел од исхраната на Џеки Кенеди, а понекогаш единственото нешто што го јадела во период од 24 часа бил печен компир прелиен со кавијар. И додека повремено се препуштала на позаситени оброци, таа се погрижила да ги изостави висококалоричните состојки. На пример, таа сакала рижото, но без додатоци.
Според Тиш Болдриџ, вработен во Белата куќа за време на администрацијата на Кенеди, првата дама имала цел да остане на 54 килограми и постојано се мерела на вага. Избегнувала слатки задоволства колку што можела, а овошјето ѝ било главен извор на шеќер. Понекогаш јадела јаболко кога ручала со децата. Што се однесува до алкохолот, шампањот е единствениот пијалак во кој таа најмногу уживала. Џеки јадела исклучително лесни оброци како варени јајца, свежо сирење, свежо овошје, салата, пилешко и зеленчук, пишува магазинот „Пипл“. По убиството на нејзиниот сопруг, таа одбивала да јаде, никогаш немала многу апетит, а ефектите од ужасот што го преживеала биле јасно видливи на нејзиното болно слабо тело.