Едно од омилените растенија на билкарите е мачкината трева, која се користи уште од античко време против неплодност и други заболувања кај жените. Популарно е позната и како „очајничка“ трева, што сликовито ги опишува жените што ја користеле затоа што очајувале што не можат да станат мајки. Чајот направен од ова растение помага во нормализирање на лачењето на половите хормони, ги олеснува менструалните проблеми, помага при рани на матката и други женски проблеми.
Сепак, пред да ја користите која било билка за терапевтски цели, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.
Покрај тоа, горчливите материи во мачкината трева може да го поттикнат апетитот, да помогнат во лачењето на жолчката, да ги олеснат варењето и искашлувањето и да ги ублажат нервозата, несоницата и мигрената.
За да приготвите чај од оваа билка, треба да ставите лажиче (5 г) од исушените листови од растението во чаша со (150 мл) врела вода. Покријте го и оставете го да отстои 15 минути. Чајот можете да го засладите со мед и да го пиете во четири дози, по оброк и пред спиење.