Пред три века
До средината на 19 век, поточно, од 1780 до 1850 година, за производство на првокласно шкотско виски се користеле буриња произведени од македонски даб од селото Белица, Кичевско.
– Дабовите трупци што Шкотланѓаните ги увезувале од Македонија биле транспортирани преку солунското пристаниште. На секои 15 дена, близу 2.000 грла добиток со запрежни коли, натоварени со дабови трупци, се упатувале кон ова пристаниште и потоа дрвото со бродови се транспортирало до Шкотска – тврди Раде Момироски од селото Белица.
Тој потсетува на фактот каде се чувал познатиот светски алкохолен пијалак, за потоа да се пушти во продажба.
– Дабовите трупци биле обработувани во Шкотска и се добивале буриња каде што цели три години се чувал тазе произведениот пијалак, по што добивал висококвалитетни својства познати во целиот свет – додава Момироски.
Тој потврди дека постојат и писмени записи за овој период, кога надалеку се афирмирал беличкиот даб.
З.А.