За да се подмладат клетките во телото со помош на автофагија, не е неопходно да се занимавате со исцрпувачки тренинзи и глад, доволно е да додадете неколку терпени во исхраната. Изгледа дека сме блиску до откривање на еликсирот на младоста што значително ќе го продолжи човечкиот живот, вели Фанија Маганова

Според напис објавен во научно списание „Стареење“, на научниците им успеало да ја откријат тајната на вечната младост. Во текот на истражувањата тие откривале факти, но и доаѓале до слепи улици. Во продолжение прочитајте како се одвивале испитувањата.
Најнапред е откриено дека автофагијата е природно самочистење на организмот, процес што започнува во телото по неколку часа гладување. Се користи за преработка на непотребни компоненти на клетките, како што се оштетени протеински молекули, како и вируси, во хранливи материи. На овој начин, благодарение на процесот на автофагија, организмот се чисти и подмладува.

Терминот „автофагија“ го вовел белгискиот боем Кристијан де Дуве, за што ја добил Нобеловата награда во 1974 година. Јапонскиот научник Есинори Осуми работел на тестирање и опишување на механизмот на автофагија, за што ја добил Нобеловата награда во 2016 година.
Сепак, автофагијата е генетски исклучена за повеќето клетки и процесите на нивното природно чистење. Научниците од целиот свет бараат начини да ги стимулираат овие процеси и да развијат методи за активирање на автофагија во човечките клетки.

Автофагијата предизвикува стрес

Некои научници веруваат дека автофагијата во клетките предизвикува стрес. Изворот на таков стрес може да биде глад или интензивни тренинзи. Постојат сериозни недостатоци во овие стимулации на автофагија.
Прво, нема научно истражување во светот за придобивките од гладувањето, иако многумина веруваат дека тоа е корисно за здравјето..
Второ, гладувањето не припаѓа на здрава исхрана и може да предизвика депресија и исцрпеност.
Трето, и гладувањето и напорната физичка активност не се препорачуваат за луѓе што страдаат од дијабетес, срцеви заболувања и проблеми со крвните садови.

Спроведени експерименти

Експериментите спроведени во 2021 година утврдија дека терпените на сибирската ела активираат автофагија во човечките клетки многу брзо и безбедно.
„Ние спроведовме истражување за сложеното влијание на терпените од сибирската ела врз клетките. Податоците за промената на изразот на 20.000 гени и анализата на протеоми (вкупниот број на протеински молекули во телото) ќе овозможат да се расветли механизмот што стои во основата на биолошките ефекти на сибирските ели, терпени“, вели истражувачот соработник на институтот за молекуларна биологија „Енгелхард“, Липатов. Таканареченото мултиомично истражување е фокусирано на комплексната студија на клетките, ткивата и целиот организам.

Терпени

Терпените се голема и разновидна класа соединенија што се произведуваат од голем број растенија и се особено присутни во четинари, треви и зеленчук. Овие растенија обезбедуваат терпенски конзерванси, кои ја одржуваат стабилноста на клетките.
Научниците ги проучувале терпените пронајдени во коренот и стеблото на сибирската ела. Некои елки живеат до четири илјади години. Научниците веруваат дека благодарение на терпените, кои ја активираат автофагијата, клетките на старите дрвја не се разликуваат на кој било начин од клетките на младите растенија.
За време на експериментите било откриено дека автофагијата во клетките на белите дробови започнува дури и со употреба на терпени во мали концентрации.
„Благодарение на терпените, процесот на интензивна автофагија во човечките клетки се активира по само 24 часа. Видовме дека автофагијата го обработува нефункционалниот материјал на клетките и со тоа ја поддржува енергетската рамнотежата. Благодарение на тоа, спречена е акумулација на штетни материи и вируси“, изјавила раководителката на научните проекти на компанијата „Инитиум-фарма“, Фанија Маганова.
Таа додава дека во согласност со тоа, на организмот му е полесно да закрепне по разни инфекции, вклучувајќи коронавирус и вируси на грип.

Дали е можно да се подмладат клетките?

Според Маганова, за да се подмладат клетките во телото со помош на автофагија, не е неопходно да се занимавате со исцрпувачки тренинзи и глад, доволно е да додадете неколку терпени во исхраната. „Изгледа дека сме блиску до откривање на еликсирот на младоста што значително ќе го продолжи човечкиот живот“, додава таа.
Покрај тоа, терпените се покажале како антиоксиданти во експериментите. Експертите заклучиле дека тие можат да се користат за да се спречат невродегенеративните промени што предизвикуваат Алцхајмерова болест, деменција и Паркинсонова болест.

К.С.А.