Излезе трејлерот за филмот што многумина го очекуваат оваа година. Станува збор за забавниот акционен филм „Експресен воз“, со Бред Пит во главната улога. Пит го толкува атентаторот познат како Бубамара, кој по долго време прифаќа нова работа. Тоа бара од него да се качи на брз воз за Токио и да најде мистериозна сребрена актовка. Наскоро, меѓутоа, тој открива дека во возот има и други атентатори, кои со нивните мисии се во конфликт со неговата задача.
„Експресен воз“ е во режија на Дејвид Лич, најпознат по модерните акциони филмови „Џон Вик“, „Дедпул 2“ и „Брзи и бесни спин-оф: Хобс и Шо“. Покрај Бред Пит, во филмот играат и Џои Кинг, Арон Тејлор-Џонсон, Мајкл Шенон, Зези Битс и Сандра Булок. Премиерата на овој акционен трилер е закажана за 15 јули.