Фото: Принт-скрин

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска преку видео порака се извини што го фрли македонското знаме за време на фотографирањето во Торино. Таа објаснува дека тоа било ненамерно и дека не сакала никого да навреди.

Јавниот сервис ја разгледува можноста за повлекување на нашата претставничка на Евровизија.

„Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон. МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ“, се наведува во реакцијата на јавниот сервис.

МРТ: Ја разгледуваме можноста за повлекување на Андреа од Евровизија

Ова е пораката на Андреа

М.Т.