На 21 октомври 2021 година, кинематограферката Халина Хачинс беше застрелана и убиена на сетот на филмот „’Рѓа“, кога беше испукан куршум од пиштол реквизит што го држеше актерот Алек Болдвин. Тој негира одговорност.
Обвинителите поднесoa обвиненија за кривично дело убиство од небрежност, поради фаталното пукање во кинематограферката од актерот Алек Болдвин.
Инцидентот се случи во дрвена капела на ранчот Бонанца Крик во Ново Мексико, додека се снимаше сцена за неговиот нискобуџетен вестерн „’Рѓа“. Хана Гутиерез Рид, која ја контролираше употребата на реквизити на сетот на филмот, исто така е обвинета за убиство од небрежност.
Додека екипата ги разработуваше позициите за сцената, Болдвин, глумејќи одметник од Канзас од 1880-тите години, пукаше од италијанска реплика на револверот „пиета лонг колт“ – куршумот помина низ градите на Хачинс и заврши во рамото на режисерот Џоел Соуза. Хачинс почина на пат кон болницата на Универзитетот во Ново Мексико во Албакерки, додека Соуза подоцна беше отпуштен од болница.
На 10 април 2022 година, продуцентите, од кои еден е Болдвин, беа казнети со 136.793 долари од Бирото за здравје и безбедност при работа во Ново Мексико, кое рече дека „менаџментот знаел дека процедурите за безбедност на огненото оружје на сетот не се почитуваат и покажал рамнодушност кон безбедноста на вработените“.