Џон Бон Џови бил принуден да се повлече од планираниот настап во Мајами Бич само неколку часа пред да излезе на сцената, по добивањето на резултатот од тестот за коронавирус. Пејачот има лесни симптоми, како што информираат медиумите.

– Џон беше претходно вакциниран и се чувствува добро – истакна портпаролот на пејачот.