Манекенката Џиџи Хадид се појави на насловната страница на влијателното модно списание „Вог“ со стилски креации и го најави своето враќање на модната сцена, само десет недели по породувањето, објави магазинот „Пипл“.

Дваесет и петгодишната Хадид се најде на насловна страница на американското издание на „Вог“ за март 2021 година, како дел од глобалното издание „Криејтивити“. Таа прифатила да позира само десет недели откако ја роди ќерката Каи, чиј татко е пејачот Зејн Малик. Супермоделот за „Вог“ изјави дека е „реална“ за своето тело по породувањето и оти не се присилувала да изгуби тежина пред фотографирањето. Таа позирала во неколку фустани и раскошни здолништа.

– Знам дека не сум толку вита како што бев порано, но исто така сум и многу реална. Си реков, да, ќе се фотографирам за насловна страница на „Вог“ – вели Хадид.

Сега гордата мајка рекла дека не чувствува притисок да го полни својот работен распоред со модни фотосесии.

– Се насочувам кон работи што ме прават постабилна од тоа да сум во друга земја секоја недела – објаснила Хадид, додавајќи дека мајчинството и е поважно од манекенството.

Во интервјуто, манекенката го открива искуството од своето породување дома, на имотот на нејзината мајка Јоланда Хадид во близина на Њу Хоуп, во американската сојузна држава Пенсилванија. Таа својот динамичен живот сега го заменила со мирен живот на семејната фарма.

– Мислам дека ќерка ми дефинитивно ќе порасне тука – вели манекенката за нејзината ќерка Каи. Зеленилото и начинот на живот на фармата се слични на она што ме натера да се чувствувам навистина фокусирано како дете и мислам дека тоа е навистина важно за Зејн и за мене. Мислам дека давањето можност на вашето дете да истражува различни интереси е убава работи – истакнала Хадид.

Таа ги навела и плановите за учење на ќерката за различните религии.

– Иако татко ми е муслиман, како семејство пораснавме славејќи го Божиќ. Се чувствував како да ми е дозволено да учам за секоја религија кога бев дете. Мислам дека е добро да земам различни парчиња од различни религии со кои се поврзувате и мислам дека тоа е како ќе го сториме тоа. Мислам дека и јас и Зејн сакаме нашата ќерка да го разбере целосно нејзиното потекло, но во исто време сакаме да ја подготвиме. Ако некој и каже нешто на училиште, сакаме да и дадеме алатки за да разбере зошто другите децата би го сториле тоа – наведува Хадид.