Џеф Безос го проширува својот станбен имот на Менхетн, купувајќи уште еден стан за 16,13 милиони долари во 24-катна зграда Century Condominium спроти Медисон Сквер Парк, каде што веќе ги поседува сите единици на последните четири ката, објави „Меншн глобал“.

Шефот на „Амазон“ и најбогат човек на планетаа веќе е сопственик на три стана во истата зграда, односно двокатен пентхаус и два уникатни мега станови под него, кои имаат 12 спални и се протегаат на површина од 1,600 квадратни метри.
На богатите станари им нуди фитнес-центар, симулатор за голф и киносала за прикажување филмови.

Шефот на „Амазон“, преку фирма со ограничена одговорност регистрирана во Делавер, го купил станот на 212 Петта авенија во февруари. Договорот се финализирал на 7 април, покажуваат документите поднесени до градот.

Договорот бил склучен надвор од пазарот за недвижности. Продавачот, чиј идентитет е заштитен, ја купил единицата за 11,25 милиони долари во април 2018 година, се наведува во записите на имотот.