Несудената претседалка на САД, Хилари Клинтон се појави во епизоди од обновената ТВ комедија „Марфи Браун”, каде што се шегуваше за своите искуства со мејловите.

ТВ серијата „Марфи Браун”, која беше доста популарна 1990-те, почна повторно да се емитува по 20 години, на Си-би-ес каналот, а главната улога повторно ја глуми Кендис Берген. 

– Не се плашам од напорна работа, квалификувана сум и подготвена уште од утре… Имам одредено исуство и со мејловите, вели Клинтон во разговорот за работа.

Клинтон ќе се појави и во „Госпоѓа секретaрка“, чија петта сезона ќе ја има својата прва епизода на 7 октомври. Во серијата претходно се појавија и Медлин Олбрајт и Колин Пауел.