Здравко Чолиќ одржа уште еден успешен концерт во Скопје, пред преполната „ВИП-арена“. Промовирајќи ги песните од новиот албум и пеејќи ги старите добропознати хитови, Чолиќ уште еднаш докажа зошто е број еден пејач во регионот. Во преполната арена во Скопје, на сцената го следеа неговиот бенд и танчарките, кои со интересна кореографија ги доловуваа песните. Здравко во делови од концертот на публиката ѝ се обрати и на македонски јазик.

„Ти си ми у крви“, „Чај шукарије“, „Пусти, пусти моду“, но и песните од новиот албум „Оно мало среќе“ ја доведоа публиката до лудило.
Концертот траеше повеќе од три часа.

Во паузата, шоу одржа тапанарот Драгољуб Ѓуришиќ, поранешен член на „Леб и сол“, со своите ученици. В сабота, на 17 ноември, Здравко ќе одржи уште еден концерт во Скопје, поради големиот интерес и брзо распродадените карти од првиот концерт.