Стрипот во кој првпат се појавува херојот Супермен е продаден за 3,25 милиони долари. Оваа сума покажува дека акциониот стрип број 1, кој се продавал за 10 центи кога се појавил во 1938 година, сега е најскапиот стрип во светот.
Стрипот содржи приказна за потеклото на Супермен и се смета за почеток на жанрот за суперхероите. Се верува дека сè уште има околу 100 примероци од овој стрип во светот, а овој е пронајден „закопан“ во стари филмски списанија од 30-тите години на минатиот век. Од аукциската куќа „Комик конект“ наведуваат дека стрипот е во одлична состојба.
Стрипот ја раскажува приказната за тоа како Супермен дошол на Земјата од друга планета и станал Кларк Кент.
Новиот сопственик е анонимен купувач што е релативен почетник за инвестирање во стрипови. Друга копија на истиот стрип е продадена во 2014 година за 3,2 милиони долари.