Наскоро Зоолошката градина во Скопје ќе се збогати со уште една интересна содржина. Станува збор за нова технологија на проектирање филмови во 3Д, во комбинација со дополнителни ефекти што го прават визуелното следење комплетно, кои буквално прават да бидете дел од филмот. Ќе почувствувате мирис, ветер, капки дожд и снегулки, меурчиња, а седиштата ќе се движат соодветно со движењата во филмот.
– Ние решивме во скопската зоолошка да имаме ваква атракција, бидејќи секаде во светот зоолошките се модернизираат и дигитализираат. Ова ќе биде вистинска забава и дополнителна едукација со 7Д-ефекти, бидејќи ќе се проектираат филмови со содржина за животинскиот свет или од дино-периодот – вели Ѓорѓи Галетановски, директор на Зоолошката градина во Скопје.
Киното ќе биде поставено блиску до влезот, а набавката нема да биде на товар на градскиот буџет, туку ќе биде платена од спонзори.