Објавен е трејлерот за претстојната криминалистичка драма „Трага“, која собра одлична актерска екипа. Ова е ново остварување на режисерот Брајан А. Милер, а ја донесува приказната за осамен крадец што успева да се извлече од затворот. Сценариото за филмот го напиша Мајк Мејплс.

Откако преживува тешка повреда на мозокот за време на насилен грабеж на банка, Мекдоналд, кого го глуми Метју Модина, добива амнезија и е сместен во затворскиот психијатриски оддел. По седумгодишното заздравување, тој ќе биде присилен да побегне од затворот и си вшприцува серум што ќе го натера да го проживее животот што го заборавил. Во оваа акција ќе мора да го избегне локалниот детектив, кој го глуми Сталоне, како и агентот на ФБИ, кого го игра Кристофер Мекдоналд, но и опасните последици од дрогата што ја земал, само за да ги врати украдените пари.
Премиерата на „Трага“ ќе се одржи на 14 декември во САД, а потоа филмот ќе биде дистрибуиран низ целиот свет.