Сен­зу­ал­на­та еле­ган­ци­ја на „Ноќта на не­ве­сти­те“

Нај­но­ви­те ко­лек­ции на вен­ча­ни­ци и све­че­ни то­а­ле­ти на „Ми­на фешн“, „Ана Бо­ра ателје“, сту­ди­о­то „Ма­ри­ја Ан­то­не­та“, „Џеј-зи-џеј бај Зла­тко Јо­ва­нов­ски“ беа промовира­ни завчеравечер на „Брај­дал фешн најт“, во организација на „Мо­ден ви­кенд Скоп­је“ и хоте­лот „Ме­ри­от“. Ра­скош­ни вен­ча­ни­ци, бал­ски дизајни, си­ре­на-фу­ста­ни, уни­кат­ни креации, мно­гу рач­на дорабо­тка и ори­ги­нал­ност про­де­фи­лираа на сед­ма­та „Ноќ на невести­те“ во „Мериот“.

– „Ми­на фешн“ го отво­ри ре­ви­јал­ни­от дел на на­ста­нот, а вен­чал­на­та ко­лек­ци­ја, ко­ја бе­ше инс­пи­ри­ра­на од гот­ска­та умет­ност, бе­ше допол­не­та со ин­те­рес­ни мод­ни до­да­то­ци и цвe­тови. Вед­наш по­тоа по­се­ти­те­ли­те имаа мож­ност да ја ви­дат нај­но­ва­та ко­лек­ци­ја на „Ана Бо­ра ателје“, на­ре­че­на „Пче­ла во снег“. Сту­ди­о­то „Ма­ри­ја Ан­то­не­та“ пре­ку сензуалната елеганција на то­а­ле­ти­те ја претста­ви женс­тве­но­ста на мо­дер­на­та и самоуверена же­на. А „Џеј-зи-џеј бај Златко Јованов­ски“ ја про­мо­ви­ра спектакуларната и хра­бра ре­ви­ја нас­ло­ве­на „Џеј-зи-џеј д грејт“ – из­ја­ви­ја од „Мод­ни­от ви­кенд“.

„Ли­ска“ пре­ку мо­ден пер­фор­манс ги прет­ста­ви нај­но­ви­те трен­до­ви на дол­на об­ле­ка за идните не­ве­сти. Ја­го­да Па­чем­ска од арт-сту­ди­о­то за цве­ќе „Фа-Бу“, кое е специјализира­но арт-студио за изра­бо­тка на не­се­којд­нев­ни фу­ста­ни од све­жо цве­ќе, и оваа го­ди­на се прет­ста­ви со но­ва и единс­тве­на кре­а­ци­ја. А брен­дот за ита­ли­јан­ски накит „Сиг­ма џу­ла­ри“ ги прет­ста­ви но­ви­те трен­до­ви за прет­стој­на­та се­зо­на, со колекци­ја на­ме­не­та за се­ко­ја мо­дер­на и префинета не­ве­ста. Мод­на­та ку­ќа „Асти­бо“ при­ре­ди ре­ви­ја на сво­ја­та но­ва ма­шка ли­ни­ја за си­те ид­ни мла­до­жен­ци. Спе­ци­ја­лен го­стин на на­ста­нот бе­ше поп-пе­јач­ка­та Фјо­ла Мо­ри­на.

С.Ј.