Лошите момци Мики Ловри (Вил Смит) и Маркус Барнет (Мартин Лоренс) се вратија на големото платно уште еднаш, за последен пат, на нивниот посебен начин да ги стават криминалците таму каде што им е местото – зад решетки.
Станува збор за филмот „Лоши момци засекогаш“, кој е совршена комбинација на акција и хумор, што оваа зима ќе нѐ натера да го погледнеме.

Долгоочекуваното продолжение на култниот филм за омилените лоши момци премиерно ќе биде прикажано во јануари, а допрва ќе видиме дали третото продолжение ќе ја оправда славата на претходните два филма.

Иако сега се постари, Маркус и Мики сѐ уште се опасни. Маркус го најавува скорашното заминување во пензија, а Мики го наговара на уште една заедничка мисија. И во овој филм има лудо возење, криминал, заговори, измами и хумор.
Првиот филм од серијалот беше снимен во 1995 година и ја одушеви публиката со извонредниот спој на акција и комедија, а Смит и Лоренс ги лансира во холивудското ѕвездено небо. Второто продолжение се појави во 2003 година и постигна уште поголем успех и заработка од 240 милиони долари.
По долги 15 години, обожавателите ќе уживаат во уште една фантастична акција.