Џони Деп

Ванеса Паради, поранешната сопруга на Џони Деп, и Винона Рајдер негова поранешната девојка, требале да сведочат во Врховниот суд во Лондон, дека тој не е човек што би удрил жена, пренесува Би-би-си.

Џони Деп го тужи „Њуз груп“ издавачот на британскиот таблоид „Сан“ за објавен текст 2018 година, во кој тој е наречен „тепач на жена“ – за што весникот тврди дека е тоа е точно.

Но вчера, Дејвид Шерборн, адвокатот на актерот му ја соопштил на судот одлуката на правниот тим на Деп дека нема потреба да се слушнат сведоштвата на Паради и Рајдер. Поради тоа нивните изјави беа објавени во медиумите.

Деп ги негира 14-те обвиненија за семејно насилство за кои весниците на „Њуз груп“ ја потпираат својата одбрана.

Според Паради обвинувањата на Амбер Хрд, негова поранешна сопруга, „воопшто не личат на вистинскиот Џони“.

– Гледам дека овие безобразни изјави биле навистина вознемирувачки.Тие исто така направиле и штета на неговата кариера затоа што, за жал, луѓето поверувале во тие лажни сведочења – додала Паради.

Рајдер, која била свршена со Деп во раните 1990-ти, изјавила дека не може да си го замисли како таков, па сѐ тоа ја прави вџашена и збунета.

– Помислата дека тој бил насилна личност е многу далеку од оној Џони што го познавав и го сакав. Не сакам никого да наречам лажга, но од моето искуство со Џони, невозможно е да се верува дека ваквите грозни обвинувања се вистинити – изјавила Рајдер.

Се очекува Амбер Хрд да сведочи следната седмица.

Таа пред две години го доби случајот против Деп и за тоа доби отштета од седум милиони долари. Во друг случај во САД, Деп ја тужи Хрд за 50 милиони долари отштета, за нарушување на угледот. Тој процес се очекува да почне идната година.