Во време кога другите паркови се затворени, паркот наречен „Парк де ла дистанс“ или „Парк на далечина“ секогаш може да биде отворен. Крис Прехт, шефот на австриското архитектонско студио „Прехт“, дизајнира парк идеален за ова време, кога поради ковид-19 треба да се одржува физичко растојание. Неговиот парк е дизајниран како лавиринт, така што на луѓето што живеат во градовите и на кои единствениот контакт со природата им е да излезат во парк им овозможува и во ова време на ковид-19 да бидат надвор. И не само надвор туку и во опкружение со зеленило, шетајќи во мир, без преголема близина на другите и слушајќи бучава од блиска фонтана.
– Паркот им овозможува самотија на граѓаните, да поминат време со себе. Да направат прошетка од 20 минути без да видат некого. Фокусирајќи се на внатрешното јас, сопствените мисли и ум – вели Крис.

Неговата идеја е ѕидовите на паркот, кој потсетува на лавиринт, да бидат реализирани во форма на грмушки високи 90 сантиметри, со што би се обезбедило потребното растојание. Преку паркот се осмислени патеки од чакал од црвен гранит, кои би биле долги околу 600 метри и би се протегале од влезот во паркот до центарот, каде што е замислено да се наоѓаат фонтани, а потоа спротивна насока. На влезот и излезот од секоја траса, предвидено е да има повеќе, би имало знак што би разјаснил дали патеката е зафатена, па не постои можност да се сретнете со некого на патеката.