Медицински совет

Прескокнувањето јаже е една од наједноставните и најефикасни вежби, со чија помош може да стекнете подобра кондиција и да се ослободите од вишокот килограми. Со правилно вежбање и соодветен избор на опрема, освен физичкото, ќе го подобрите и менталното здравје.
– Освен фактот дека оваа вежба можете да ја правите каде било, а за купување јаже нема да потрошите многу пари, таа нуди голем број здравствени придобивки: ги зголемува брзината, координацијата и подвижноста. Тоа е најдобриот кардиотренинг – пишува „Вашингтон пост“.
Исто така, една од предностите што ги носи прескокнувањето јаже е фактот дека ги зајакнува коските и спречува остеопороза. Потезите бараат голема концентрација, па затоа се смета за подвижна медитација.
Приврзаниците на овој начин на вежбање истакнуваат и дека повредите се многу поретки отколку кај трчањето.