Според годишната процена на климата на Земјата направена од страна на Женевската организација, глобалните температури досега оваа година биле за 1,1 Целзиусов степен над прединдустрискиот просек, ставајќи ја 2019 година во првите три најтопли години забележани досега

Просечните температури од 2010 до 2019 покажуваат дека деценијата што изминува ќе биде една од рекордно најтоплите досега, според прелиминарните истражувања на Светската метеоролошка организација.
Според годишната процена на климата на Земјата, направена од страна на Женевската организација, глобалните температури досега оваа година биле за 1,1 Целзиусов степен над прединдустрискиот просек, ставајќи ја 2019 година во првите три најтопли години забележани досега.

Глобалното затоплување во последната декада има оставено доста последици врз природата. Мразот на двата пола континуирано се топи, а нивото на морињата е зголемено од почетокот на сателитските мерења од 1993 година.
Морињата во светот денес се за четвртина покисели за разлика од пред 150 години, загрозувајќи ги виталните морски екосистеми, врз кои милијарда луѓе се потпираат за храна и работни места.

Истражувањето покажало дека климатските промени се клучен двигател на неодамнешниот пораст на глобалната глад со над 820 милиони луѓе погодени во 2018 година.

Бројката на ново раселени лица како резултат на екстремните промени во температурите може да достигне до 22 милиони до крајот на 2019 година.
Годишната процена на СМО ги истакна уделите во двонеделните разговори во Мадрид, чија цел е да се забрза применувањето на Парискиот договор од 2015 година, за да се избегне катастрофалното глобално затоплување.