„Нетфликс“ неодамна беше домаќин на тричасовниот онлајн настан наречен „Тудум“ и го претстави најновиот трејлер за четвртата сезона на серијата „Чудни нешта“, кој носи нови ликови и увид во опседната куќа „Крил хаус“, која ќе биде фокус на новите епизоди.
Третата сезона остави неодговорени многу прашања, но изгледа на нив ќе одговори четвртата сезона, која треба да дојде во 2022 година.
Креаторите на серијата, браќата Дафер, ја опишаа куќата како „суперважна“ локација во четвртата сезона. На трејлерот се гледа како бандата упаѓа во разурната куќа, но таму се случило нешто чудно. Потоа се прикажува семејство како се вселува во куќа во 1950-тите години и протерувањето од Хил Хаус.
Претходните трејлери покажаа некои нови локации, што има смисла откако шефот на полицијата Џим Хопер заврши во Русија кон крајот на минатата сезона. Во серијата, исто така, ќе има најмалку четири нови ликови: девојката од групата Вики, кошаркарот Патрик, советничката г-ѓа Кели и навивачката Криси.
Третата сезона на „Чудни нешта“ беше претставена пред повеќе од две години, на 4 јули 2019 година, така што обожавателите долго чекаа да видат што ќе се случи наредно во хит-серијата на „Нетфликс“.
Минатата сезона беше доста популарна – само четири дена по почетокот, „Нетфликс“ рече дека 18,2 милиони корисници ја гледале целата сезона.