Легендарниот пејач и текстописец Нил Јанг(72) потврди дека се оженил со актерката Дерил Хана(57), јави денеска Би-Би-Си.

Пејачот jа нарече ѕвездата на романтичната комедија „Сплеш“ своја сопруга во пораката објавена покрај видеото со песната „Охајо“.

Во август се појавија гласини дека парот се венчал во тајност во Калифорнија, откако гитаристот Марк Милер им честитал преку Фејсбук.

Јанг во 2004 година се разведе од пејачката Пеги Јанг со која беше во брак 36 години.