Тајните на привлечноста на Корејките

Корејските жени, кои се познати по својата убавина, младоликост и беспрекорен тен, ги користат овие трикови, а тоа можете да го направите и вие.

1. Лимон за избелување на кожата – Лимонот се нанесува на потемнетите и огрубени делови на кожата. Доколку ви е кожата чувствителна, бидете претпазливи. Лимонската киселина дејствува како пилинг, ги отстранува мртвите клетки, пигментите како дамки ги прави помалку видливи, порите ги чисти од нечистотија и од маснотии. Витаминот Ц го стимулира производството на колаген, а тоа ја прави кожата еластична.

2. Пена за бричење против акни – Пената се нанесува на чисто лице, нежно се масира со прстите и се остава 5-10 минути, а потоа се мие. Процедурата се повторува 1-2 пати неделно. Девојките во Кореја сметаат дека машката пена за бричење е едно од најдобрите средства во борбата против акутните мозолчиња, бидејќи има антисептично дејство.

3. Масажа со врела фротирска крпа – Фротирска крпа се натопува во врела вода, со неа се прекрива лицето и се прави нежна масажа. По 15 минути, се трга крпата и на лицето се нанесува природно хранливо масло. Оваа процедура ја забрзува циркулацијата, ги отвора порите и ѝ помага на кожата да дише.