Принцот Хари и Меган Маркл се преселија во Канада за да имаа финансиски независен живот од кралското семејство. Според двојката, една од причините за ваква одлука е медиумското прогонство.

Меѓутоа, се чини дека промената на адресата не е доволна, а тоа го потврдува американскиот глумец Сајмон Рекс. Тој тврди дека британски медиуми му нуделе голем износ пари за да објават невистинита информација дека биле во врска тој и војвотката.

Според 45-годишниот Рекс, еден британски медиум му понудил 70.000 американски долари. Меган и Сајмон многу често во медиумите биле спомнувани дека биле во врска, но тој тврди дека никогаш не биле заедно.

– Ништо не се случи меѓу нас. Не се имаме ни бакнато. Еднаш излеговме, но тоа не беше воопшто романтичен ручек – објаснил Сајмон за „Холивуд роу“.

– Ја запознав на телевизија и еднаш ручавме заедно – признал тој.

Кога медиумите почнале да пишуваат за тој ручек Сајмон открил како му нуделе пари за да лаже дека биле во врска.

– Ги одбив тоа зошто не сакав да го вознемирувам кралското семејство – заклучил глумецот.