Неодамна беа избрани победниците на конкурсот за најдобар историски фотограф, кој се одржува на крајот на секоја година. Овој меѓународен фотоконкурс ги слави професионалните и аматерските фотографи, кои фотографираат помалку или повеќе познати историски локалитети низ светот.
Главната награда на натпреварот во 2021 година заврши во рацете на Стив Лидијард, кој со својата камера го сними светилникот Вајтфорд во Западен Велс, кој е посебен затоа што е направен од леано железо во средината на 19 век, што бил необичен материјал за такви градби.
– Светилникот е изграден во 1865 година по дизајн на Џон Боуен, за да ги обележи гребените на Вајтфорд Поинт, заменувајќи ја претходната структура од 1854 година, од која ништо не останало. Тоа е единствената кула од леано железо со оваа големина во Велика Британија – објаснува Лидијард.
Подеднакво импресивни се и другите историски фотографии што жирито на натпреварот ги избра за најдобри.