Филмови со најголема заработка годинава главно се филмовите со суперхероите, но има и неколку изненадувања. Верувале или не, живееме во време кога научната фантастика најмногу се гледа во кината. Од 10 филма, шест се со суперхерои.

1. Одмаздници:
војна на бесконечноста
Режија: Ентони Русо, Јо Русо
Актери: Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт, Марк Рафало
Кратка содржина: Марвеловиот филм „Одмаздници: војна на бесконечноста“ е фантастично филмско остварување, кое е креирано во текот на десет години, а го опфаќа целиот Марвелов универзум. На платното ни ја носи финалната и најсмртоносна пресметка на сите времиња.
Заработка: 2,048 милијарди долари

2. Црниот пантер
Жанр: акција, авантура
Режија: Рајан Куглер
Актери: Чадвик Боземан, Мајкл Б. Џордан, Лупита Нионго
Кратка содржина: По смртта на неговиот татко, Т’Чала, кралот на Ваканда, се враќа дома во изолираната и технолошки напредна африканска нација за да го преземе тронот како вистински крал.
Заработка: 1,346 милијарда долари

3. Светот Јура:
паднатото кралство
Жанр: акција, авантура, научна фантастика
Режија: Џ.А. Бајон
Актери: Брус Далас Хауард, Крис Пет, Џеф Голдблум
Кратка содржина: Кога заспаниот вулкан на островот почнува да заживува, Овен и Клер почнуваат кампања за да ги спасат од изумирање преостанатите диносауруси. Овен на сите начини се обидува да ја најде Блу, неговиот грабливец, кој е изгубен во дивината, додека Клер стекнува почит кон овие суштества, кои стануваат нејзина мисија.
Заработка: 1,304 милијарда долари

4. Неверојатните 2
Жанр: анимиран, авантура
Режија: Бред Пит
Актери: Крег Т. Нелсон, Холи Хантер, Самуел Л. Џексон,
Кратка содржина: Боб Пар (г. Неверојатен) останува да се грижи за Џек-Џек додека Хелен (Еластичната) го спасува светот.
Заработка: 1,241 милијарда долари

5. Веном
Жанр: акција, хорор, научна фантастика
Режија: Рубен Флечер
Актери: Том Харди, Мишел Вилијам, Џени Слејт
Кратка содржина: „Веном“ досега на обожавателите на суперхероите им беше познат првенствено како главен негативец во филмовите за Спајдермен, кој иако понекогаш е духовит и интересен, остануваше спореден лик.
Заработка: 854,4 милиони долари

6. Невозможна мисија:
последици
Жанр: акција, авантура, трилер
Режија: Кристофер Меквори
Актери: Том Крус, Симон Пег, Винг Рејмс
Кратка содржина: И во новото продолжение Том Круз изведува неверојатни акробации, често опасни по животот. Итан Хант и неговиот тим од ММФ, заедно со сојузниците, се наоѓаат во трка со времето кога мисијата ќе тргне на лошо. Фантастичната актерска екипа создава динамичен тим, на чело со режисерот Кристофер Меквори.
Заработка: 791,0 милиони долари

7. Дедпул 2
Жанр: акција, авантура, комедија, суперхерој
Режија: Дејвид Лич
Актери: Морена Бакарин, Рајан Рејнолдс
Кратка содржина: Заснован на Марвеловиот антихерој, филмот „Дедпул“ ни раскажува за поранешниот оперативец на специјалните единици, кој станал платеник. Вооружен со своите нови способности и откачената мрачна смисла за хумор, Дедпул ги лови луѓето што за малку ќе му го уништеле животот.
Заработка: 734,2 милиони долари

8. Бохемиска рапсодија
Жанр: биографија, драма, мјузикл
Режија: Декстер Флечер, Брајан Сингер
Актери: Рами Малек, Мајк Маерс,
Кратка содржина: Бохемиска рапсодија е приказна за љубовта, болката, прифаќањето и одличната музика. Славење на талентот на Фреди и легендарниот рок-бенд, кој со својата музика и чувство на авантура ги сруши сите правила на музичката сцена тоа време. Филмот го забележува вртоглавиот пораст на популарност на бендот преку неговите препознатливи песни и револуционерен звук.
Заработка: 596,6 милиони долари

9. Ентмен и Осата
Жанр: акција, авантура, научна фантастика
Режија: Пејтон Рид
Актери: Пол Руд, Евангелин Лили, Михаил Пена
Кратка содржина: По „Капетан Америка: граѓанска војна“, Скот Ланг се бори со последиците од својот избор како суперхерој и татко. Додека се бори да го избалансира својот живот како татко и како Ентмен, Хоуп ван Дин и доктор Хенк Пим го испраќаат во нова итна мисија. Скот мора уште еднаш да го облече костимот и да научи да се бори заедно со Осата како тим.
Заработка: 622,7 милиони долари

10. Фантастични ѕверови:
злосторствата
на Гринделвалд
Жанр: авантура, семеен, фантазија
Режија. Дејвид Јејтс
Актери: Еди Редмајне, Џони Деп, Јуд Лоу, Зое Кравиц
Кратка содржина: Во продолжението со наслов „Злосторствата на Гринделвалд“ се враќа Еди Редмејн во улогата на „магиозоологот“ Њут Скамандер. Овој пат тој ќе се здружи со младиот Албус Дамблдор (лик од сагата за Хари Потер), кој го глуми Џуд Лоу, против моќниот темен маѓепсник Галерт Гринделвалд, кој го глуми Џони Деп.
Заработка: 596,6 милиони долари