НАСА минатиот август испрати сонда која влезе во атмосферата на Сонцето како дел од храбра мисија со цел да се проучи и да се дознае повеќе за нашата ѕвезда, пренесува „Њујорк пост“.

Сондата, која е со големина на автомобил, а наречена Соларна сонда Паркер,  успеа да се доближи до најголема близина до Сонцето досега.

Позицијата на сондата е на оддалеченост од околу 24 милиони километри од површината на Сонцето, а температурата која ја поднесува изнесува 1.300 степени целзиусови.

Мисијата, која ја чини НАСА 1,5 милијарди долари, се верува дека ќе донесе многу информации за тоа како нашето Сонце работи, а една од побитните информации би биле да се проучи како настануваат соларните бранови, кои ги нарушуваат коминукациските мрежи и бранови должини на Земјата.

– Сондата ќе следи енергија и движења на топлината преку атмосферата на Сонцето и ќе истражува што влијае на забрзувањето на соларните ветрови и соларните енергетски честички – се наведува во соопштението на НАСА.