Наташа Крстевска-Мијата деновиве реализира спот за песната „Regret“, која, како што вели, дури сега, во овие кризни времиња, дочека своја видеоилустрација.
– „Regret“ е резултат на мојата соработка со композиторот Давор Јорданoвски, кој се потпишува како аранжер, а јас сум авторка на музиката и на текстот. Продуценти на песната се Давор Јордановски и Ѓоко Мишковски, а снимена е во „Биг бенд мјузик рекординг студио“ во Торонто, како и во студиото „Рокенрол“ во Скопје, кое наедно е и издавач на албумот „Небеска“. Видеото го изработи Иван Куртевски. Многу му благодарам на Бане Поповиќ, кој дозволи да користиме материјали оригинално снимени од „Томато продукција“ – вели Мијата.

Не случајно оваа видеоприказна ѝ е претставена на јавноста во март.
– Иако планирав спотот да го промовираме во месецот на жената, со новонастанатата ситуација текстот на „Regret“ добива уште подлабока и универзална симболика – ни рече Мијата.