„Твентиет сенчури студиос“ го објави првиот трејлер за долгоочекуваната историска драма „Последниот дуел“, во која играат Мет Дејмон, Џоди Комер, Адам Драјвер и Бен Афлек. Тоа е адаптација на истоимената книга на Ерик Јегер за бурниот период во средновековна Франција.
Дејствието на „Последниот дуел“ се случува во 14 век за време на стогодишната војна меѓу Англија и Франција. Тоа е приказна за заднината на дуелот помеѓу витезот Жан де Каруж (Дејмон) и неговиот некогашен пријател Жак Ле Грис (Драјвер). Конфликтот меѓу двајцата се случува откако сопругата на Жан, Маргерита де Кураж (Комер), ќе го обвини Ле Грис за силување, што тој целосно го негира.
Режисер на филмот е Ридли Скот, додека сценариото го напишаа Мет Дејмон, Бен Афлек и Никол Холофсенер. „Последниот дуел“ во домашните кина пристигнува на 14 октомври.